Папата Франциско и Бенедикт Шеснаесетти се вакцинираа против ковид-19

Папата Франциско, 84, и пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесетти, 93, ја примија вакцината против ковид-19, рече во четвртокот во соопштение раководител на канцеларијата за печат на Светата Столица..

Фото: ЕПА

„Како дел од програмата за вакцинација во државата Ватикан, папата Франциско и папата емеритус Бенедикт Шеснаесетти ја примија првата доза на вакцината ковид-19“, рече портпаролот на Светата столица Матео Бруни во изјавата како одговор на бројните прашања.

Папата роден во Аргентина ја прими својата прва вакцина во средата, што јавноста го дозна од печатот. Пензиониран папа роден во Германија е вакциниран во четвртокот наутро, како дел од кампањата за вакцинација што започна во средата за околу 5.000 вработени во Ватикан, според информативниот портал на Ватикан.

Во телевизиско интервју објавено во неделата вечер, папата Франциско го нарече спротивставувањето на вакцинацијата „самоубиствено негирање“, нагласувајќи дека треба да донесеме „морална одлука“ да ги заштитиме животите на другите луѓе.

Неговата вакцинација ќе донесе олеснување за опкружувањето на Папата, кој не е многу склон да носи маска и да се држи на дистанца од верниците и посетителите.

Неговиот личен лекар, кој се грижеше за него во изминатите пет години, Фабрицио Сокорси, почина во саботата на 78-годишна возраст од „компликации поврзани со ковид-19“ додека во болница се „лекуваше од рак“. Во изминатите месеци неколку високи свештеници блиски до Папата биле заразени од ковид-19.

Поглаварот на 1,3 милијарди католици се смета за ризичен поради неговата постара возраст. Како млад, Хорхе Берголио преболел акутна пневмонија поради што му е отстранет дел од десното белодробно крило.

Папата Емеритус Бенедикт Шеснаесетти, кој ретко се појавува во јавноста, се чини дека станува сè послаб, се движи во инвалидска количка и тешко зборува.

Од повлекувањето во 2013 година, тој живее повлечено во манастир во Ватикан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе