Папата Франциско и американскиот државен секретар се состанаа во Ватикан

Папата и американскиот државен секретар разменија подароци и разговараа, но не е јасно дали допреле политички прашања што предизвикуват поделба меѓу американските католици.

Фото: ЕПА

Бликен и папата разговараа околу 40 минути, објави Ватикан. Некои од темите на разговор биле климатските промени, миграцијата, трговија со луѓе итн., според Стејт Департментот.

Последниот пат кога државниот секретар на САД дојде во Ватикан, папата не го прими. Имено, папата тогаш рече дека приемот на државниот секретар Мајк Помпео може да се протолкува како мешање во претстојните избори во САД.

„Лично за мене ова беше голема чест“, изјави Блинкен пред новинарите по состанокот.

„Средбата беше исклучително срдечна. Опфативме голем број теми“, додаде тој.

Блинкен, опишан од соработниците како секуларен Евреин, рече дека е „многу задоволен“ од постапките на папата во врска со пандемијата и бегалците, додавајќи дека е благодарен што не морал да се впушта во внатрешната политика на САД.

Со тоа го избегна прашањето во врска со одлуката на Конференцијата на бискупи на САД, што ја отвора вратата за забрана за причест на политичарите кои го поддржуваат правото на абортус, вклучувајќи го и Бајден.

Пред да се сретне со папата Блинкен ја посети Сикстинската капела.

„Спиритуалната атмосфера, божествената уметност и импресивната архитектура ме оставија без зборови. Навистина зачудувачки“, објави подоцна Блинкен на Твитер.

Блинкен е на еднонеделна турнеја, во склоп на која ги посети Берлин, Париз, Рим и Бари. Во понеделникот присуствуваше на состанок на глобалната коалиција од 80 држави во Рим, кои се борат против таканаречената Исламска држава, која се обидува да добие нови упоришта во Африка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе