Папата Франциско ги повика ММФ и Светска банка да го намалат долгот на сиромашните земји

Папата Франциско ги повика шефовите на светските финансиски институции да го намалат долгот на сиромашните земји погодени од пандемијата на коронавирусот и да им дадат поголема улога во глобалното донесување одлуки.

Фото: ЕПА

Во писмото до учесниците на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, папата напиша дека пандемијата го принуди светот да се помири со, меѓусебно поврзаната, социо-економска, еколошка и политичка криза.

„Поимот закрепнување не може да значи враќање кон нееднаков и неодржлив модел на економски и социјален живот, каде мало малцинство од светското население поседува половина од богатството“, рече папата Франциско во писмото на 4 април.

Тој повика на нов „глобален план“ што „неизбежно значи да им се даде на посиромашните и помалку развиените земји ефективна улога во донесувањето одлуки и да им се олесни пристапот до меѓународниот пазар“.

Тој додаде дека духот на глобалната солидарност „бара барем значително намалување на долгот на најсиромашните нации, што е влошено од пандемијата“.

Финансиските шефови на 20 најголеми економии во средата го продолжија суспендирањето на трошоците за сервисирање на долговите на земјите во развој, но не успеаја да го укинат долгот или да го ублажат на барање на непрофитните организации.

Финансиските пазари мора да бидат регулирани со закони и регулативи кои ќе обезбедат тие да функционираат за општо добро, рече папата Франциско, повикувајќи на „праведно финансирана солидарност со вакцините“.

„Не смееме да дозволиме законот на пазарот да има предност пред законот на љубовта и здравјето за сите нас“, рече папата.

Кампањите за вакцинација во сиромашните африкански земји заостануваат далеку зад богатиот свет, особено зад Соединетите Држави и Велика Британија, па папата Франциско ги повика политичките и деловните лидери да обезбедат „вакцини за сите, особено за најранливите и најсиромашните“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе