Неуспеале да ги заштитат децата од педофилите

Папата Франциско ги обвини бискупите од Чиле, ги уништувале доказите за сексуално злоставување

Папата исто така ги обвини бискупите дека вршеле притисок на адвокатите на црквата да ги минимизираат обвинувањата и дека се одговорни за сериозна немарност во заштитата на децата од свештеници педофили.

Во документ на 10 страници што им е предаден на бискупите од Чиле на самитот оваа недела, папата рече дека сите во хиерархијата на чилеанската црква колективно се одговорни за „сериозните недостатоци“ во случаите на злоставување.

Со овој документ, за кој прво известила чилеанската телевизија T13 и чија автентичност денес е потврдена од Ватикан, се врши притисок врз бискупите да се повлечат од должноста, бидејќи Папата им порачал дека „никој не може проблемот да го префрли на друг“.

Некои свештеници се протерани од својот ред поради неморално однесување, но во нивните случаи „е минимизирана тежината на кривичните дела и им е припишана само слабост или морален пропуст“, се вели во документот на римокатоличкиот поглавар.

За денес, во Рим е најавена прес-конференција на која бискупите треба да се обратат до јавноста.

Папата ги повика членовите на Конференцијата на бискупи на Чиле во Рим, откако призна дека погрешил во случајот со бискупот Хуан Барос, кого жртвите го обвинуваат за прикривање на злоставувањата на најпознатиот чилеански свештеник-предатор Фернандо Карадима.

Барос, заштитник на Карадима, ги негира обвиненијата.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе