Ватикан

Папата Франциско ги критикуваше „сензационалистичките новинари“

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциско ги критикуваше новинарите кои вадат стари скандали и пишуваат сензационалистички.

Како вели тоа е „многу сериозен грев“ што ги повредува сите што ги допира.

Папата Франциско, кој има намера својата годишна порака да ја посвети на „лажните вести“ за еден католички медиуми изјави дека мисијата на новинарот е една од „најфундаменталните“ за демократското општество.

Тој ги повика новинарите да даваат прецизни, целосни и точни информации, а не еднострани извештаи.

„Не треба да подлегнете на ‘гревовите на комуникацијата’- на дезинформациите или претставувањето на само една страна, сензационалистички клевети или објавување на стари вести“, наведе папата.

Франциско таквите потези ги нарече „смртен грев што го повредуваат срцето на новинарот и ги повредуваат другите“.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе