Папата Франциско: Европа ги затвора вратите за бегалците, а ги отвора за оружјето

Папата Франциско соопшти дека ќе го посети Ирак следната година и рече дека е лицемерно европските земји да ја затворат вратата за бегалците, а да ја отвораат за оружјето.

Обраќајќи им се на учесниците на состанокот Дела за помош на источните цркви, папата Франциско истакна дека „луѓето напикани во бродовите во потрага по надеж не знаат во кои пристаништа ќе бидат прифатени во Европа, која ги отвора пристаништата за бродовите што мора да истоварат софистицирани и скапи оружја, кои произведуваат уништување и не ги поштедуваат дури ни децата“.

Тој најави дека ќе го посети Ирак следната година за да придонесе за напредокот на патот кон мирен соживот, и за општеството да не западне во тензии и нови конфликти.

Освен Ирак, папата Франциско ги спомена Сирија, Украина и Блискиот Исток како места на страдање за луѓето поради конфликти.

Франциско веќе во февруари 2018 година рече дека размислува за посета на Ирак, но тогаш немаше услови за тоа.

Во меѓувреме, во текот на викендот на италијанскиот брег пристигнаа повеќе од 360 бегалци, иако министерот за внатрешни работи и лидер на Лига, Матео Салвини, рече дека пристаништата мора да се затворат.

Италија има околу 8.000 километри крајбрежје, а бегалците во гумени чамци не доаѓаат во пристаништата. Некои пристигнаа на островот Лампедуза, други на брегот на Сицилија и во регионите Калабрија и Пуља.

Во 2019 година повеќе од 2.100 бегалци пристигнаа по морски пат, од кои повеќе од половина беа во мај и јуни.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе