Папата: Душата ми е полна со благодарност по посетата на Ирак

Папата Франциско рече дека е полн со благодарност по историската посета на Ирак, за време на неделната општа аудиенција на која долго зборуваше за патувањето.

Фото: ЕПА

„После таа посета, мојата душа е полна со благодарност до сите оние кои го овозможија тоа патување, од политичките власти до верските, вклучувајќи го и големиот ајатолах Али Систани со кого имав незаборавна средба во неговата резиденција“, рече папата.

„Ирачкиот народ има право да живее во мир и да го пронајде достоинството што му припаѓа. Неговите религиозни и културни корени се милениумски. Месопотамија е лулка на цивилизацијата“, додаде тој, изразувајќи жалење што целото тоа наследство е уништено со војната.

„Тоа е секогаш војната, тоа чудовиште со кое се одвива промена на епоха и кое продолжува да го проголтува човештвото. На оружје не се одговара со друго оружје. Одговор е братство“, нагласи папата.

Папата во понеделникот се врати во Рим по тридневен престој во Ирак, прва посета на папа на таа земја разорена со војна. Тој ги посети Багдад, Мосул и Каракош, каде се залагаше за ирачката христијанска заедница и се состана со големиот ајатолах Али Систани, највисокиот шиитски лидер во земјата.

Тој исто така учествуваше во екуменската молитва со разни верски заедници што живееат во Ирак веќе илјадници години во Ур, родниот град на Авраам.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе