Папата Бенедикт знаел за сексуално злоставување на деца, ништо не преземал

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти не постапил правилно, односно не реагирал на пријавите за четири случаи на злоставување деца додека бил надбискуп на Минхен, утврдила германска истрага.

Фото: ЕПА

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за постапките на свештениците кои злоставувале деца додека тој бил надбискуп на Минхен од 1977 до 1981 година, заклучено е денеска во извештајот на надбискупијата, пренесува Си-ен-ен.

„Тој бил информиран за фактите. Веруваме дека може да биде обвинет за недолично однесување во четири случаи. Два случаи се однесуваат на злоставувања извршени за време на неговиот мандат кои ги санкционирала државата. Во двата случаи, сторителите останале активни во службата“, рече адвокатот Мартин Пуш.

Адвокатската фирма Вестфал Шпике Васте (ВСВ) анализирала како се решавале случаите на злоставување во надбискупијата Минхен и Фрајзинг помеѓу 1945 и 2019 година.

Минхенската надбискупија, која го нарача извештајот, соопшти дека ќе испита „дали одговорните постапиле во согласност со законите и на соодветен начин во решавањето на сомнителните случаи и можните сторители“, пишува Франс 24.

Во меѓувреме, сега веќе озлогласениот свештеник педофил Питер Хулерман е префрлен од Есен, каде што е обвинет за злоставување на 11-годишно момче, во Минхен и продолжил со  своите пасторски должности. Во 1986 година е осуден на условна казна поради злоставување на неколку деца.

Дури и по осудата, тој продолжил да работи со деца долга низа години, а неговиот случај се смета за релевантен пример за лошото постапување на црквата со случаите на злоставување. Бенедикт негираше дека знаел за историјата на свештеникот.

Од вештачењето за случаите на педофилија во Минхенската надбискупија произлегува дека папата Бенедикт Шеснаесетти во раните 1980-ти, тогаш како надбискуп на Минхен Џозеф Рацингер, спротивно на неговите тврдења, присуствувал на состаноците на кои било одлучено свештеник, кој претходно бил обвинет за злоставување деца, да се прераспредели во пасторска служба. Истиот свештеник подоцна повторно злоставувал деца.

„Ќе се изразам претпазливо: сметаме дека изјавата на папата Бенедикт, во која тој го негира присуството на спорната седница, е неуверлива“, изјави адвокатот Улрих Вастл.

Со вештачењето на тогашниот кардинал Рацингер му се префрла дека погрешил во справувањето со свештениците за кои се знаело дека се вмешани во злоставување на деца.

Самиот Рацингер во неколку наврати изјави дека не присуствувал на спорните седници на кои било одлучено осуден педофил од друга германска надбискупија да биде примен во свештеничка служба во минхенската надбискупија.

Според досегашниот увид, конкретно се работи за двајца свештеници на кои додека Џозеф Рацингер бил надбискуп на Минхен (1977-1982), и покрај кривичното гонење, сепак им било дозволено да дејствуваат како свештеници во пасторалните работи.

На тогашните високи функционери на германската католичка црква, меѓу кои покрај поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, се спомнува и актуелниот минхенски надбискуп Рајнхард Маркс, им се префрла дека немале чувство за заштита на жртвите на злоупотреба.

„Не забележавме никакви обиди на заштита во однос на жртвите“, се вели во вештачењето.

Вештачењето заклучува дека многу свештеници и понатаму останувале во служба дури и по обвинувањата за сексуално злоставување.

Во студијата се наведени најмалку 497 жртви. Повеќето од нив биле момчиња и адолесценти кои биле сексуално злоставувани помеѓу 1945 и 2019 година. Наведени се најмалку 235 наводни сторители на сексуална злоупотреба, вклучувајќи 173 свештеници и девет ѓакони.

Според адвокатската канцеларија, 40 свештеници се вратиле на пасторска работа и покрај тврдењата дека извршиле или толерирале случаи на сексуално злоставување.

Поранешниот папа, кој сега има 94 години, стана првиот папа кој во 2013 година поднесе оставка од таа должност во повеќе од 600 години. Оттогаш, тој живее претежно мирен живот во Ватикан. Во новиот извештај, нарачан од Католичката црква, се вели дека му биле кажано за фактите за случаите на злоупотреба на деца додека служел како надбискуп, но дека ништо не преземал.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе