Папа: Човештвото е на пат кон самоуништување

Во својата порака за Денот на планетата Земја, папата Франциско порача дека светот е на работ и дека човештвото мора да го избегне патот кон самоуништување.

Фото: ЕПА

Папата од својот избор во 2013 година неколку пати зборуваше за потребата од заштита на животната средина, а денес објави две видео пораки, едната по повод Денот на планетата Земја, а другата за самитот за климатски промени, чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден.

„Сега е време да се дејствува. Ние сме на работ“, рече католичкиот поглавар кој го поддржува заклучокот на научниците дека глобалното затоплување делумно е предизвикано од човекот.

Зборувајќи за комбинацијата на пандемијата на коронавирусот и последиците од климатските промени, папата истакна дека природата треба да се почитува затоа што повеќе нема да простува.

„Кога ќе започне уништувањето на природата, тоа е тешко да се запре. Но, сè уште имаме време и ќе бидеме поотпорни ако работиме заедно, а не сами. Од кризата не се излегува ист, ќе бидеме или подобри или полоши. Тоа е предизвик, и ако не излеземе подобри, ќе одиме по патот на самоуништување“, предупреди папата.

Тој исто така рече дека сега е време за иновации и креативни решенија, затоа ги повика политичките лидери да дејствуваат смело и праведно. Во пораката за климатскиот самит, тој рече дека луѓето треба да се грижат за природата за таа да се грижи за нас.

Настанот, чиј домаќин е Бајден, а кој треба да ги врати Соединетите Држави на позицијата светски лидер во борбата против климатските промени откако поранешниот претседател Доналд Трамп го напушти Парискиот климатски договор, папата го прогласи за прекрасен. Тој го критикуваше Трамп кој го напушти тој светски договор за борба против климатските промени и ја поздрави одлуката на Вашингтон под новата Бајденова влада да се врати на договорот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе