По затворањето на 11-милионскиот град

Паника во Вухан, се празнат продавници и бензински, жителите се кријат дома (ВИДЕО)

Жителите на Вухан ги обзеде паника откако властите го затворија овој кинески град, кој е во центарот на епидемијата на новиот коронавирус, забранувајќи ги сите начини на превоз и советувајќи ги луѓето да не заминуваат, освен ако не станува збор за вонредна состојба.

Полиците на супермаркетите се испразнети, а локалните пазари се распродадени додека жителите трупаат залихи и се заклучуваат дома за да се заштитат од епидемијата во која починаа најмалку 17 лица, а се заразени скоро 600 низ Кина, Азија и САД.

На бензинските пумпи исто така имаше навалици бидејќи возачите се обидуваат да се снабдат со гориво, поттикнати од гласините дека резервите се при крај, а беше објавено и дека аптеките ги распродале маските за лице.

Видеата објавени на интернет покажуваат дека автопатите надвор од градот исто така се блокирани, а видени се специјални полициски сили како патролираат на железничките станици.

Малкумина пешаци може да се видат на улиците, а семејствата ги откажаа планираните собирања за кинеската нова година.

„Малку сум во паника затоа што претходно владата рече дека не е сериозно, така што никој не помисли дека ова е голема работа“, рече Ванг Јинг (26), владин службеник.

Некои жители објавија фотографии од своите новокупени резерви на инстант тестенини и закуски на социјалните медиуми. „Повеќе нема да излегувам надвор... затоа нема да се разболам“, напиша еден интернет-корисник на Веибо, додавајќи: „Се надевам дека Вухан наскоро ќе добие некаква помош.“

Во САД лекарите користат роботи за лекување на мажот во државата Вашингтон што се заразил со вирусот по посетата на Кина. Пацифичките нации, кои штотуку заздравуваат од смртоносни сипаници, сега ги заоструваат биосигурносните мерки за да се справат со можните случаи на коронавирус.

Си-ен-ен објави дека змии може да се изворот на епидемијата, конкретно кинеската кобра.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе