Не е тероризам

Паника во Лондон: пукање кај украинската амбасада, уапсен маж (ВИДЕО)

Недалеку од украинската амбасада во Лондон денеска беа испукани истрели од огнено оружје.

Автомобил управуван од засега непознат возач намерно се залетал кон возилото на амбасадорот на Украина во Лондон. Полицијата го уапси по пукањето, објави Амбасадата на Украина во Велика Британија. Амбасадата го опиша инцидентот како намерно туркање на паркираното возило на амбасадорот.

Полицајците дошле на местото на настанот и го опколиле осомничениот. Тие почнале да пукаат по него откако тој одбил да се предаде и продолжил да удира со автомобилот во возилото на амбасадорот.

Украинските дипломати не биле повредени во индцидентот. Човекот е уапсен, а засега неговиот мотив останува непознат.

Инцидентот не се третира како терористички напад.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе