Паника во Италија: Супермаркетите опустошени поради епидемија на коронавирусот (ФОТО+ВИДЕО)

Полиците во италијанските супермаркети се празни, откако локалното население, соочено со изолација поради епидемијата на коронавирусот, ги опустоши.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека 50.000 жители на северна Италија би можеле да бидат целосно отцепени неколку недели.

Локалното население, пишуваат медиумите, веднаш тргна во купување на залихи. Голем број луѓе се појавиле пред супермаркетите носејќи маски. Се формирале долги редици.

Купувачите морале да чекаат додека трговците се обидувале да организираат групи од по четириесет луѓе кои би влегувале во маркетот да пазарат.

Исто така, Венеција ја откажа својата голема карневалска прослава и сите други јавни настани. Последните денови на карневалот ќе бидат откажани иако привлекле неколку илјади посетители.

Драстични мерки презеде и италијанскиот дизајнер Џорџо Армани, кој ја откажа модната ревија во Милано од истите причини. Армани утрово го објави откажувањето на настанот, но рече дека ќе биде обезбеден пренос во живо „зад затворени врати“ и без гости. Тој ги замоли сите да не доаѓаат на ревијата.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе