Паника пред зградата на Обединетите нации во Њујорк: најден сомнителен пакет (ВИДЕО)

Пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк пронајден е предмет за кој се сомневало дека е бомба, поради што полицијата целосно го блокираше сообраќајот на Петтата авенија.

EPA-EFE

Поради опасната ситуација беше затворен и главниот излез од зградата. Полицијата го огради блокот околу местото на откривање на предметот за кој се претпоставуваше дека е експлозивна направа.

Во оваа област инаку се наоѓаат амбасадите на бројни земји, поради што двата блока околу зградата беа целосно затворени.

Меѓутоа, на крајот за медиумите беше соопштено дека предметот бил кутија со цвеќиња.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе