Кризата најверојатно ќе предизвика огромен притисок врз намалувањето на платите во блиска иднина, предупреди агенцијата на Обединетите нации (ООН) во извештајот од средата.
Платите паѓале или растеле побавно во две третини од земјите за кои биле достапни податоци. Во останатите пак се навидум во пораст затоа што многу работници со пониски плати останале без работа, што резултирало со повисок просек, објаснуваат од МОТ.
Без субвенции, како што е програма за надоместок на платата на работниците кои поради коронакризата работата им била оневозможена, жените во вториот квартал би изгубиле 8,1 процент од платата, во споредба со 5,4 проценти од она што би го изгубиле мажите, се наведува во извештајот на МОТ.
Вработените на работни места за кои се потребни пониски квалификации изгубиле повеќе работни часови од оние на менаџерски и стручни работни места, забележуваат тие.
„Продлабочената нееднаквост предизвикана од коронакризата може во наследство да ни остави погубна сиромаштија и социјална и економска нестабилност“, предупреди генералниот директор на МОТ, Гај Рајдер.