Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј

Јапонската компанија Панасоник објави дека ја прекинува соработката со Хуавеј, јави Би-би-си.

Гардијан и Фајненшл тајмс објавија дека конкретно се работи за тоа дека Панасоник ќе престане со испорака на одредени делови за мобилните телефони на Хуавеј.

Објавија дека на тој начин ќе ги испочитуваат новите ограничувања наметнати од САД.

Минатата недела САД го ставија Хуавеј на листата компании кои не можат да соработуваат со американски компании без посебна дозвола.

Забраната се однесува на производи кои имаат 25% или повеќе материјали кои доаѓаат од САД.

Овие рестрикции претставуваат ескалација во обидот да се блокира Хуавеј, а сè со оправдување дека оваа компанија претставува безбедносен ризик.

„Панасоник во интерно соопштение објави дека треба да се прекинат трансакциите со Хуавеј и нивните 68 подружници, кои се забранети од страна на американската влада“, порачаа од Панасоник. Без да споделат повеќе детали.

Рен Женгфеи, основачот на Хуавеј, минатата недела се обиде да ги намали овие американски санкции за Хуавеј, но се чини дека ситуацијата станува сè потешка за компанијата.

Фајненшл тајмс пишува дека Панасоник престанал да испорачува некои делови на за Хуавеј.

Тие додаваат дека така одлучиле во време кога некои големи компании во Јапонија, како што се Софтбанк, Тошиба и Мурата Манјуфакчеринг, одлучуваат како да пристапат кон наметнатите санкции од САД за Хуавеј.

Панасоник, кој одлучи да запре дел од соработката, произведува и делови за мобилни телефони. Хуавеј одби да коментира за оваа одлука на Панасоник.

По оваа одлука, акциите на Панасоник паднаа за 1,4 проценти.

Хуавеј исто така соработува со Сони и со Јапан дисплеј за производство на делови за мобилни телефони.

Сони одби да коментира за ситуацијата за Фајненшал тајмс, додека лицето поврзано со Јапан дисплеј рече дека е малку веројатно дека тие ќе постапат како Панасоник.

Она што е добро за Хуавеј е одлуката на компанијата Тајван Семикондактр Манјуфакчеринг, најголемиот светски производител на чипови, да продолжи да испорачува чипови за Хисиликон, подружницата на Хуавеј која работи на чипови.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе