Палестинските и иранските власти го осудија договорот меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и висок ирански службеник го осудија договорот на Израел со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), обвинувајќи го Абу Даби за предавство на Палестинците со потпишување на пактот што е во служба на „ционистичките злосторства".

Фото: ЕПА

„Палестинското водство ја отфрла и осудува трилатералната ненадејна објава на Обединетите Арапски Емирати, Израел и Соединетите Држави“, рече Набил Абу Рудинех, советник на Абас.

Читајќи изјава пред канцеларијата на Абас во Рамалах на окупираниот Западен Брег, Абу Рудинех истакна дека договорот е „предавство на Ерусалим, Ал-Акса и палестинската борба“.

Високиот ирански функционер процени дека договорот нема да донесе мир во регионот.

„Новиот пристап на ОАЕ за нормализирање на односите со измислениот, криминален Израел не придонесува за мир и безбедност, туку е во служба на ционистичките злосторства“, напиша на Твитер Хусеин Амир-Абдулахиан, заменик министер за надворешни работи на Иран.

„Однесувањето на Абу Даби нема оправдување и ѝ го врти грбот на палестинската борба. Со таква стратешка грешка, ОАЕ ќе бидат проголтани од ционистичкиот оган“, додаде тој.

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор во четвртокот со посредство на Соединетите Држави, што ќе доведе до целосна нормализација на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во заедничката изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и престолонаследникот на Абу Даби, Мухамед бин Зајед ал Нахјан се вели дека се надеваат дека „историскиот пресврт ќе придонесе за воспоставување мир на Блискиот исток“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе