Палестинскиот претседател: Нема мир на Блискиот исток додека трае израелската окупација

Нема да има мир на Блискиот исток сè додека трае израелската окупација на палестинските територии, реагираше палестинскиот претседател Махмуд Абас по потпишувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.

Фото: ЕПА

„Нема да има мир, безбедност и стабилност за никој во регионот сè додека трае окупацијата и додека не се почитуваат сите права на палестинскиот народ“, истакна палестинскиот претседател во соопштението објавено по потпишувањето на договорот за нормализација на односите во Вашингтон меѓу Израел и двете земји во Персискиот залив.

Во последните неколку недели, Палестинците ги обвинија ОАЕ и Бахреин за предавство на „арапскиот консензус“ дека решавањето на израелско-палестинскиот конфликт е предуслов за нормализирање на односите со еврејската држава.

„Обидите да се заобиколи палестинскиот народ (...) ќе имаат сериозни последици за кои ќе треба да одговорат Соединетите Американски Држави и израелската окупација“, додаде во вторникот палестинскиот претседател, без да објасни кои се тие „последици“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе