Палестинскиот претседател им даде рок на Израелците да се повлечат од окупираните области

Претседателот на Палестина Махмуд Абас во обраќањето до Генералното собрание на Обединетите нации му даде на Израел едногодишен рок да се повлече од окупираните палестински области, а во спротивно палестинската власт повеќе нема да ја признава еврејската држава во границите од 1967 година.

EPA-EFE

Во виртуелниот говор на 76-тото заседание на Генералното собрание од своето седиште во Рамала, Абас повторно побара од генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш да свика меѓународна мировна конференција.

Тоа барање тој го заокружи со барањето до Израел кажувајќи дека Израелците имаат една година да се повлечат од палестинските области окупирани во 1967, вклучувајќи го источен Ерусалим.

„Спремни сме да работиме во текот на таа година на разграничувањето и да ги решиме сите прашања врзани со конечниот статус на двете идни држави, израелската и палестинската. Ако во тоа не успееме, зошто тогаш да го одржуваме признавањето на Израел врз основа на границите од 1967?“, кажа Абас.

Освен таа закана, кажа дека палестинската власт ќе се обрати до Меѓународниот суд на правдата со барање да се пресуди за легалноста на окупацијата на териториите на палестинската држава.

Меѓународниот мировен процес за постигнување решение меѓу двете држави е во пат позиција веќе неколку години.

Израел веднаш ги отфрли барањата на палестинскиот лидер.

„Тој повторно покажува дека не претставува ништо. Оние кои вистински го поддржуваат мирот и преговорите не мавтаат со закани и луди ултиматуми од подиумот на Обединетите нации“, кажа израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе