Документот треба да биде објавен денес

Палестинскиот премиер го осуди мировниот предлог на Трамп за израелско-палестинскиот конфликт

Палестинскиот премиер Мухамед Штајех го осуди вчера долгоочекуваниот план на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп пред да биде објавен денес, оценувајќи дека „не претставува основа за решавање на конфликтот“.

Штајех ова го кажа на седница на својата влада, додека премиерот на Израел Бенјамин Нетанјахи е во посета на Вашингтон по повод објавувањето на Трамповиот план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Тој објасни дека планот го крши меѓународното право и „доаѓа од страна која го загуби својот кредибилитет како чесен посредник во сериозен и реален политички процес“.

Палестинците планот сѐ уште не го виделе, но го отфрлија, истакнувајќи дека Трамповата администрација е пристрасна, бидејќи ги поддржува Израелците.

Таа администрација во последните години презема неколку чекори кои ги разгневија Палестинците.

Најпрвин го призна Ерусалим како главен град на Израел на крајот на 2017 и во мај 2018 ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Покрај тоа, ја затвори палестинската дипломатска мисија во Вашингтон и го прекина финансирањето на програмите за помош на Палестинците.

Во израелските медиуми се шпекулира дека планот ќе биде поприлично во корист на Израел и дека вклучува можна анексија на големи делови од територијата на која Палестинците планираат да формираат независна држава.

Анонимен палестински функционер кажа дека палестинскиот претседател Махмуд Абас ги отфрлил обидите за посредување во последните недели да договорат телефонски разговор со Трамп.

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат денес за да дискутираат за „договорот на векот“, како што го наречува американскиот претседател.

Белата куќа ги покани премиерот на Израел, лидерот на конзервативната партија Ликуд, и неговиот главен ривал, лидерот на сојузот партии од центарот Сино и бело во Вашингтон на објавувањето на планот само неколку недели пред третите израелски избори за помалку од една година.

За време на изборната кампања Нетанјаху повика на анексија на долината на реката Јордан и еврејските населби во Западниот брег, окупиран во војната во 1967 година.

Анексијата на еврејските населби можеби на Нетанјаху ќе му ги донесе гласовите на националистите, но таа ќе ја минира одржливоста на независната палестинска држава и по сѐ изгледа ќе предизвика гнев кај соседен Јордан.

Израел и Јордан потпишаа потпишаа мировен договор во 1994 година.

Јордан е вториот арапски сосед по Египет кој склучи мир со Израел.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе