Палестинците предадоа контрапредлог на Трамповиот мировен план

Палестинците објавија дека предале контрапредлог на американскиот план за Блискиот Исток и ги повикаа Европејците да го притиснат Израел од анексијата на окупираниот Западен брег.

EPA-EFE

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одреди 1 јули како датум кога ќе почне спроведувањето на анексијата на израелските населби и долината на Јордан на Западниот брег. Палестинците го офрлија планот на американскиот претседател Доналд Трамп, но до денес немаа предложено алтернатива.

„Го предадовме контрапредлогот на Квартетот (Европската Унија, Обединетите нации, Русија и Соединетите Американски Држави) пред неколку дена“, изјави палестинскиот премиер Мохамед Штајех, јавува Франс прес.

Предлогот предвидува создавање „суверена, независна и демилитаризирана палестинска држава“, кажа тој.

Текстот предлага „помали измени на граничните линии таму каде што е потребно“, кажа тој на средбата со новинарите во Рамала, седиштето на палестинската власт.

Размената на териториите ќе се изврши според принципот на рамноправност во смисла на „големината и вредноста“, кажа палестинскиот премиер.

Во последните десет години, популацијата во стотината израелски населби на Западниот брег порасна за 50 отсто и надмина 450.000 жители. На таа територија живеат и над 2,7 милиони Палестинци.

Палестинците бараат независна држава во областа на Западниот брег со источен Ерусалим како главен град и во Појасот Газа, областите кои Израел ги освои во Шестдневната војна во 1967 година.

Штајех на прес-конференцијата кажа дека анексијата ќе ја убие секоја шанса за можност за мировен договор со Израел.

„Израел ќе мора да се соочи со последиците ако го анектира окупираниот Западен брег“, изјави Штајех и додаде дека Израел сега мора да ја „почувствува жестината на меѓународниот притисок“.

Тој кажа дека европските земји „размислуваат за санкции против Израел и замрзнување на меѓусебните договори, како и откажување на некои истражувачки програми“ и „признавање на Палестина“ како држава на Западниот брег и Појасот Газа.

Портпаролот на Европската Унија во Ерусалим одби да ги коментира изјавите на Штајех, но укажа на претходното соопштениет на шефот на европската дипломатија Жосеп Борел кој кажа дека анексијата „ако се спроведе, нема да мине без последици“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари објави мировен план кој Палестинците веднаш го отфрлија и ја критикуваа идејата за израелска анексија.

Стравувајќи од можно избивање на насилства и дипломатски реперкусии, дел од европските и арапските земји, како и ОН, го повикаа Израел да се откаже од својот план.

Дел од аналитичарите сметаат дека Трамповата администрација сега не сака да поттикнува дополнителна нестабилност на Блискиот Исток со тоа што на Израел ќе му ја дозволи анексијата бидејќи и самата е погодена од нестабилност поради епидемијата на коронавирусот и протестите против полициската бруталност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе