Палестинците помагаат да се изгаснат пожарите во Израел

Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц вчера изрази благодарност до Палестинската управа, која испрати неколку противпожарни возила во Израел да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во ридовите во близина на Ерусалим, пренесува Ал џезира.

Фото: ЕПА

„Би сакал да му се заблагодарам на претседавачот на Палестинската управа Махмуд Абас за неговата иницијатива. Солидарноста и спасувањето човечки животи на сите ни е во интерес“, објави Ганц на Твитер.

Палестинската управа испрати четири противпожарни возила и 20 пожарникари да му помогнат на Израел.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, во меѓувреме, им се заблагодари на Грција, Јордан и Кипар за нивната подготвеност да испратат противпожарни тимови и авиони, но рече дека меѓународна помош повеќе не е потребна.

Меѓутоа, Израел ја прифати понудата на Палестинската управа, пренесуваат израелските медиуми.

Израелските пожарникари денеска трет ден по ред гаснат пожари што ги зафатија шумите западно од Ерусалим, поради кои се евакуирани жители на неколку блиски населени места.

Денес, Палестинската управа по трет пат му пружи помош на Израел во гаснење пожар, откако тоа го стори во 2010 и 2016 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе