Палестина бара од исламските земји да ги прекинат односите со Косово

Палестина побара од земјите членки на Организацијата на исламска соработка да ги прекинат односите со Косово.

EPA-EFE

Како што пренесува Вечерње новости, Палестина и гневна на Приштина поради одлуката на властите да отворат амбасада во Ерусалим, што повеќе пати беше јавно соопштено.

Меѓутоа, сега тоа барање и официјално го соопшти палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малки, во писмо упатено до Организацијата.

Како што објаснува Ал Малки, односите треба да се прекинат бидејќи Косово со својата одлука ги крши меѓународното право и резолуциите, но и отворено го напаѓа палестинскиот народ и неговите права.

Доколку членките на Организацијата на исламска соработка го прифатат палестинското барање, Приштина би се соочила со големо губење на поддршката, бидејќи независноста на Косово ја признаа 30 од 57 земји во оваа организација. Тие, како што се проценува, не би ги повлекле официјално одлуките за признавањето, но голем број од нив сосема извесно повеќе не би го поддржувале Косово во обидите да се зачлени во меѓународните организации.

Приштина дипломатските односи со Израел формално ги воспостави на 1 февруари и на нивната најава дека ќе отворат амбасада во Ерусалим, од Организацијата уште на 3 февруари стигна осуда, бидејќи со тоа се крши Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 478. Намерата на приштинските власти ја критикуваше и Европската Унија, но и покрај тоа амбасадата официјално беше отворена на 14 март.

Пред Приштина, дипломатски претставништва во Ерусалим имаа само Америка и Гватемала, од 2018 година. На оваа тројка ѝ се придружи и Чешка, која во март отвори дипломатска канцеларија во Ерусалим, како подружница на амбасадата во Тел Авив.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе