Пакистанскиот премиер бара од Закерберг да забрани исламофобна содржина

Пакистанскиот премиер Имран Кан на својот Фејсбук профил му упати писмо на Марк Закерберг во кое бара од него да забрани исламофобна содржина.

Во писмото, Кан пишува за растечката исламофобија која, според него, поттикнува омраза, екстремизам и насилство, особено преку социјалните мрежи.

Сè се случува неколку дена откако Кан го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за напад на исламот.

Фејсбук го дефинира говорот на омраза како директен напад врз луѓето врз основа на одредени карактеристики, што вклучува раса, етничка припадност, национално потекло и религија, и сето тоа преку насилен или дехуманизирачки говор или преку штетни стереотипи.

Во писмото, Кан се осврна на одлуката на Фејсбук да забрани содржина што го негира или изобличува холокаустот и настаните од холокаустот.

Тој повика да се воведе слична политика кога станува збор за коментари против исламот.

„Со оглед на злоупотребата и понижувањето на муслиманите на социјалните мрежи, би ве замолил да поставите слична забрана за исламофобијата и говорот на омраза против исламот на Фејсбук, како што ја поставивте за холокаустот“, рече тој.

„Пораката за омраза мора да биде забранета во целост, не може да се испраќа порака дека говорот на омраза е прифатлив во некои ситуации, а во други не“, додаде тој, пренесува Би-би-си.

Кан во неделата го обвини Макрон за напад на исламот.

Ова се случи откако Макрон му оддаде почит на наставникот по историја, кој беше убиен во Париз, откако на час ги покажа цртежите на пророкот Мухамед, како дел од предавањето за слободата на говорот.

Макрон рече дека наставникот бил убиен затоа што „исламистите ја сакаат нашата иднина“, но и додаде дека Франција нема да потклекне под цртежите.

Кан исто така напиша дека е штета што Макрон реши да ја охрабри исламофобијата напаѓајќи го исламот наместо терористите кои го извршија насилното дело.

Кан не даде примери за тоа што треба да биде исламофобен коментар, и попатно ја нападна Индија чија влада ја обвини за спроведување дискриминаторни закони, осврнувајќи се на Кашмир.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе