Соборен од индиски авион

Пакистанскиот пилот бил линчуван по грешка: локалците мислеле дека е Индиец

Авиокомандантот на Пакистанските воздухопловни сили (ПАФ) Шахзаз-уд-Дин, кој леташе со борбен авион Ф-16, се вратил во својата земја откако влегол во индискиот воздушен простор, но не преживеал долго.

Авиокомандантот на Индиските воздухопловни сили (ИАФ) Абинандан Вартаман, кој беше заробен од Пакистанците на 28 февруари откако неговиот МиГ-21 се урна на пакистанска територија, во петокот беше ослободен. Додека целата земја го славеше неговото враќање, едно семејство преку границата во Пакистан тажеше.

Авиокомандантот на Пакистанските воздухопловни сили (ПАФ) Шахзаз-уд-Дин, кој леташе со борбен авион Ф-16, се вратил во својата земја откако влегол во индискиот воздушен простор, но не преживеал долго.

За време на воздушните борби меѓу Индија и Пакистан на 27 февруари, индискиот МиГ-21 го собори пакистанскиот Ф-16, а Шахзаз-уд-Дин леташе во пакистанскиот Кашмир. Во исто време, силите на Пакистан го соборија индискиот МиГ-21.

Двата авиони, и индискиот и пакистанскиот, се урнаа на територијата на Пакистан на две различни места. Двајцата пилоти успешно се извлекоа од своите авиони, вели Индија тудеј.

И авиокомандантот Вартаман и авиокомандантот Уд-Дин се бореа за своите земји, но додека Вартаман беше заробен жив од пакистанската армија, Пакистанецот Уд-Дин беше линчуван од локалните жители, кои мислеле дека е Индиец, објавија неколку медиуми.

Иронијата е во тоа што дури ни пакистанските сили не се потрудиле да го проверат идентитетот на пилотот. Всушност, Пакистан тврди дека неговата армија воопшто не користела Ф-16 во акцијата со индиската армија и дека никој од нивниот персонал не е повреден.

Пакистанските вооружени сили претходно тврдеа дека имаат заробено два индиски пилоти. Неколку часа подоцна, бројот се намали на еден.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе