Пакистанската морнарица тврди дека спречила индиска подморница да влезе во нејзините води (ВИДЕО)

Пакистанската воена морнарица денес соопшти дека забележала индиска подморница и ја предупредила да не се обидува да влезе во пакистанските територијални води. Подморницата била детектирана и избркана, се наведува во соопштението.

Се наведува дека при вчерашниот инцидент индиската подморница на била мета, „во согласност со пакистанската политика на мир“.

Неименуван офицер на пакистанската морнарица изјави дека по предупредувањето подморницата заминала.

Тензиите меѓу Индија и Пакистан пораснаа откако Индија минатата недела изврши воздушни напади на територијата на Пакистан, тврдејќи дека ги гаѓа екстремистите одговорни за нападот во Кашмир во кој на 14 февруари беа убиени 40 индиски војници.

Пакистан собори два индиски авиони и зароби еден пилот, кој подоцна ѝ беше предаден на Индија.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе