Пакистанка (26) осудена на смрт поради богохулење преку пораки на Ватсап

Суд во Пакистан осуди жена на смрт бидејќи наводно испраќала богохулни пораки на Ватсап и Фејсбук.

Фото: Пиксабеј

Аника Атик (26) е осудена во средата во Равалпинди. Таа го запознала својот обвинител, исто така Пакистанец, во 2019 година преку апликација за игри. Двојката комуницирала преку Ватсап.

Обвинителот рече дека Атик испраќала богохулни карикатури на пророкот и коментирала за „свети личности“ на Ватсап, и дека на Фејсбук објавувала богохулни содржини. Во обвинението се наведува дека таа „намерно ги сквернавела светите праведни личности и ги навредувала религиозните верувања на муслиманите“, пишува Скај њуз.

Атик, која е активна муслиманка, ги отфрли обвинувањата, велејќи пред судот дека нејзиниот обвинител намерно ја вовлекол во верска дебата за да може да собере докази за „одмазда“ откако таа одбила да му биде пријателка.

Покрај смртната казна, Атик доби и парична казна и 20 години затвор. Смртната казна мора да биде потврдена од Високиот суд во Лахоре, а таа има право на жалба. Според пакистанскиот закон за богохулење, смртна казна е предвидена за секој што е виновен за тоа кривично дело. Иако смртните казни редовно се изрекуваат, многу од осудените често до крајот на животот поминуваат во затвор.

Според групите за човекови права, обвиненијата за богохулење често се користат за заплашување на верски малцинства или за решавање на лични спорови.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе