Пакистан воведе закон за хемиска кастрација на силувачите

Пакистан воведе закон со кој како можна казна за сериските силувачи се предвидува кастрација и побрзи судења на осомничените сексуални престапници, соопшти пакистанската влада.

EPA-EFE

Парламентот го усвоил законот во средата и тој веднаш стапил на сила.

Хемиската кастрација која се спроведува со помош на лекови веќе се практикува во Полска, Јужна Кореја, Чешка и одделни држави во САД.

Пакистанскиот премиер Имран Кан кажа минатата недела дека сака да воведе казни откако во земјата пораснал бројот на сексуални престапи и по случајот на мајка на две деца која од автомобил ја извлекле двајца напаѓачи и ја силувале под закана со огнено оружје.

Невладината организација Војна против силувањето, меѓутоа, наведува дека на пакистанските судови ќе бидат осудени помалку од 3 отсто од силувачите.

Амнести интернешнал повика на истрага на причините на сексуалните напади наместо построги казни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе