Пакистан решен да му помогне на Авганистан

Пакистанскиот министер за надворешни работи Макдум Шах Махмуд Куреши го посети денеска Кабул, главниот град на Авганистан, првпат од победата на талибанците во август, а по повеќенеделните тензии во сообраќајните врски меѓу соседните земји.

Фото: ЕПА

Посетата уследи по долготрајните проблеми на преминот Ќаман, еден од главните гранични пунктови меѓу Авганистан и Пакистан, каде што поминува целиот товарен и железнички сообраќај, кој е затворен повеќе од две недели, што предизвика сериозни проблеми за транспортните работници и за извозниците, јавува Ројтерс.

Куреши денеска потврди дека Пакистан е решен да му помогне на Авганистан да избегне колапс на својата економија и дека договорил мерки за ублажување на граничните ограничувања и олеснување на трговијата, вклучително и визи по доаѓањето за авганистанските деловни патници.

„Презедовме чекори од кои Авганистан ќе има финансиска корист“, им рече тој  на новинарите.

Според овој договор, увозот на свежо овошје и зеленчук од Авганистан исто така би бил дозволен без царина, со цел да им се помогне на авганистанските производители на овошје, кои се оштетени со затворањето на границите, рече Куреши.

Земјоделците во близина на градот Кандахара на југот на земјата беа присилени да ги остават шипката и другите извозни производи да пропаѓаат, зашто камионите не можеа да стигнат до нивните пазари преку граница.

По денешната посета не е потврдено дека е постигнат договор за повторно преземање летови на авиокомпанијата „Пакистан интернешнал“ (ПИА), која ги запре операциите од Кабул на 14 октомври повикувајќи се на „тешко“ мешање на талибанците.

Одлуката е донесена откако талибанците ѝ наредија на авиокомпанијата да ги намали цените на нивото пред падот на владата што ја поддржуваше Западот, а ПИА е единствен странски превозник што врши редовни летови од Кабул.

Картите за главниот град на Пакистан, Исламабад, се продаваа и до 10 пати поскапо отколку во август, пред воспоставувањето на талибанскиот Исламски Емират, кога изнесуваа околу 120-150 долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе