Пак протести во Хонг Конг, се кршеа излози, нереди во метрото

Демонстрантите во Хонг Конг денеска кршеа излози во трговски центар и билборди во метро станици во знак на протест против вчерашното апсење на продемократски пратеници.

Во автономната кинеска територија Хонг Конг веќе шест месеци се одржуваат протести кои почнаа поради предложениот закон за екстрадиција на обвинети во Кина, а потоа се проширија со барања за поголема демократија.

Властите по денешните немири затворија метро станица во квартот Ша Тин, но досега не се извршени апсења.

Во друг инцидент, 30 демонстранти упаднаа во трговски центар во Куен Мун и кршеа излози и фрлаа маси во ресторан.

Вчера се приведени седуммина продемократски пратеници уапсени и се соочуваат со можни апсења, соопшти полицијата во Хонг Конг.

Тројца пратеници се приведени и обвинети за попречување на работата на собранието за време на состанокот на 11 мај на кој се расправаше за одложениот закон за екстрадиција. Другите биле повикани да се појават во полициски станици.

Демократските пратеници веруваат дека овој притисок од страна на Владата ќе предизвика поголемо насилство и ќе се искористи како изговор за одложување или откажување на окружните избори кои треба да се одржат на 24 ноември.

МИА

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе