„Не стоиме зад нон-пејперот“

Пахор: Словенија не поддржува промени на границите на Балканот, тоа тука никогаш не завршило мирно

Претседателот на Словенија Борут Пахор изјави денес дека неговата земја не стои зад каков било „нон-пејпер“ и дека не поддржува промена на границите на Балканот.

EPA-EFE

Во интервју за приштинската агенција Телеграфи, дадена при посетата на Косово, Пахор кажа дека Словенија е против корекции на границите Балканот, бидејќи тоа во овој регион никогаш не завршило мирно и дека неговата земја го поддржува договорот кој ќе биде склучен меѓу Косово и Србија.

Тој кажа дека е важно дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија да продолжи и да се интензивира во конструктивен дух.

„Она што е договорено мора да се почитува. Дијалогот се одвива под покровителство на Европската Унија. Внимателно го следат и другите, на пример САД. Сето тоа е важно, како што се чини, двете страни да имаат меѓународна поддршка. Ние во Словенија ќе го почитуваме она на што ќе се сложите со Белград“, кажа тој.

Пахор кажа дека со косовската претседателка Вјоса Османи ќе разговара за самитот Брдо-Бриони.

„Целта на самитот е одбележување на десеттата годишнина од иницијативата „Процес Брдо-Бриони“, што минатата година не успеавме поради епидемијата. Пред сè, би сакал да разговарам за европската перспектива на Западниот Балкан. Изгледа довербата во процесот на проширување од двете страни ослабе – многумина во ЕУ зборуваат за замор од проширувањето, додека кај аспирантите за ЕУ таа цел се турка за да стане помалку атрактивна. Ова е опасно, бидејќи ги јакне национализмите и бара алтернативи“, кажа тој.

Тој оцени дека Европската Унија е проект на мирот и помирувањето и дека е крајно време да се прошири на целиот Западен Балкан, кој во моментов е сива точка опкружена од држави членки на ЕУ.

„Затоа се радувам на отворена и конструктивна дискусија за тоа што може секој да направи сам и за меѓусебната соработка за да се забрза процесот на проширување и што Европската Унија треба да направи“, додаде тој.

Зборувајќи за односите на Словенија и Косово, Пахор кажа дека односите се добри и го повика Косово да ги забрза внатрешните реформи и да го поддржи дијалогот со Белград.

„Нашата влада му помага на Косово со пренесување знаење и искуства, како и со развојни проекти. Учеството на Косово во „Процесот Брдо-Бриони“ е важен аспект на нашата поддршка на добрососедските односи и европската перспектива на сите земји“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе