Пахор по средбата со Вучиќ: Јакне национализмот во регионот

Процесот на вклучување на Западниот Балкан во Европската Унија е премногу спор и поради тоа повторно јакнат политичките национализми и изјавите за промени на границите кои ги загрозуваат мирот и безбедноста во регионот, кажа претседателот на Словенија Борут Пахор вчера, по посетата на Србија.

EPA-EFE

„Во последните години предупредував, го правам тоа и денес, дека процесот на вклучување на регионот е премногу спор, поради што повторно јакнат политиките на национализам и промени на границите, кои се опасни за мирот и безбедноста“, кажа Пахор на заедничката прес-конференција во Белград со српскиот колега Александар Вучиќ.

Истакна дека проширувањето на Унијата е единствениот одговор на растот на национализмот и идеите за промени на границите.

На прашањето дали ЕУ ќе ги осуди изјавите на албанските функционери за обединување на Албанија и Косово, Пахор се оправда дека „нема надлежност ни мандат“ да одговара во име на ЕУ, но дека неговиот став е дека со таквите изјави се продлабочува загриженоста.

Претседателот на Словенија, која до крајот на годината претседава со ЕУ, смета дека Унијата и државите аспиранти за членство околу кандидатурите, реформите и евроинтеграцискиот процес треба „да направат повеќе отколку во изминатите години“ за ЕУ со забрзан и искрен процес на преговори со државите го забрза нивниот пат на придружување.

„Ако ЕУ каже дека ќе ги отвориме кластерите – благодарам. Ако не сака да ги отвориме кластерите – повторно благодарам. Ние реформите ги спроведуваме за своите граѓани“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека секој разговор „може да биде камен во куќата на мирот“ која се обидува да се изгради во регионот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе