Ослабена од брегзитот

Пахор: Да сопре проширувањето на ЕУ на Балканот додека е ослабена

Европската Унија е ослабена од брегзитот и можеби би требало да ги одложи плановите за проширување на Западниот Балкан, изјави претседателот на Словенија Борут Пахор.

Како што пренесуваат словенечки медиуми, Пахор на својата интернет страница кажа дека ЕУ не може да се надева на прием на земји како Црна Гора и Србија како нови членки во сегашната состојба.

„Слаба ЕУ не може да се прошири на Западниот Балкан“, кажа Пахор вчера на форумот во Блед во присуство на главниот европски преговарач за брегзитот Мишел Барние.

Тој додаде дека сѐ е поврзано и дека ЕУ минува низ тежок период во кој треба да се носат одлуки.

ЕУ им понуди перспектива за пристапува на земјите од Западен Балкан кои треба да исполнат строги критериуми за да бидат примени како нови членки.

Пристапните преговори се веќе почнати со Србија и Црна Гора и се зборува за 2025 година како датум кога би можеле да станат полноправни членки на Унијата, а ЕУ се надева дека до тогаш Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и евентуално Косово веќе би биле на добар пат за влегување во Унијата.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе