Паѓа последното упориште на Исламска држава, џихадистите очајнички се бранат (ВИДЕО)

Стотици милитанти на Исламска држава (ИСИС) и нивните семејства им се предадоа на Сириските демократски сили (СДФ), среде нападот чија цел е да се ослободи последната територија под контрола на џихадистите, соопшти СДФ.

Мажите во колона ја напуштиле енклавата Багуз, голем дел од нив ранети, со многубројни деца и целосно покриени жени кои го влечеле багажот, опишува репортерот на Ројтерс.

Борците на СДФ велат дека повеќето од џихадистите се странски борци.

Милитантите на ИСИС ја почнаа последната очајничка одбрана на Багуз, последното упориште на Исламска држава, која некогаш под контрола држеше третина од Ирак и Сирија, а сега СДФ со недели ги држат под опсада.

Џихадистите се обидоа со три контра-офанзиви за два дена да се пробијат низ линијата на СДФ со испраќање над 20 бомбаши-самоубијци.

Сириските демократски сили во изјава објавија дека нивните борци напредувале кон преостанатиот дел на енклавата во источна Сирија во близина на ирачката граница. Напоменуваат дека 15 милитанти на ИСИС биле убиени утринава откако се обиделе да ги нападнат сили на СДФ.

„Нашите борци ги одбија сите обиди на терористичката организација да постигне успех“, се наведува во соопштението.

Енклавата истовремено била под удар на артилериски оган и воздушни напади. СДФ соопшти дека 112 убиени милитанти на ИСИС се потврдено убиени од почетокот на офанзивата на Бангуз на почетокот на неделата.

Според информациите на американската војска, во Багуз нема ниту еден висок лидер на ИСИС. Експерти на американската влада веруваат дека лидерот на ИСИС Абу Бакр ал Багдади е жив и најверојатно се крие во Ирак.

Терористичката група и понатаму се смета за опасна безбедносна закана која дејствува во оддалечените области на Ирак и Сирија. ИСИС во 2014 година го прогласи својот ултра радикален сунитски „калифат“.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе