ПО ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Паѓа ли паѓа – Тереза Меј тукушто ја нокаутираше фунтата

Со најавата дека не планира да ја напушти функцијата премиер, Тереза Меј ѝ нанесе дополнителна штета на фунтата, откако валутата падна на најниско ниво во последните пет месеци.

Фунтата изгуби дополнителен половина цент и падна на 1.265 долари, што е најниско ниво од октомври минатата година.

„Отстапувањето на Меј би донело неизвесност, но обидите да остане лидерка му носат на пазарот многу повеќе непредвидливост и несигурност“, се вели во Сити.

Британската валута претходно потона на пет-месечен минимум, бидејќи стана повеќе веројатно дека владејачката Конзервативна партија ќе го изгуби мнозинството во парламентот.

Вредноста на фунтата во однос на еврото падна на најниско ниво од февруари и сега вреди 1.132 евра.

Ова значи дека за едно евро добива 88,3 пени.

Во британскиот Сити меѓу брокерите владее големо изненадување од резултатите од гласањето. 

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе