Падна владата на Молдавија

Со изгласувањето недоверба денес падна молдавската влада, пренесе Ројтерс и предупреди дека падот на владата само пет месеци откако про-европската премиерка Маја Санду ја презеде функцијата дополнително ја загрозува стабилноста на земјата.

Владата падна откако 63 од 101 пратеници гласаа за предлогот за изгласување недоверба.

Пред пет месеци, Санду формираше несигурна коалиција со проруската Социјалистичка партија, но алијансата се распадна заради предложената реформа за именување на главен државен обвинител.

Партиите сега имаат 90 дена да формираат нова влада. Доколку не успеат да се договорат, ќе бидат распишани нови парламентарни избори.

Земја со 3,5 милиони жители, сместена помеѓу Украина и земјата членка на ЕУ, Романија, доживува една криза по друга, по загубата на милијарда американски долари во 2014 година, кои без трага исчезнаа од финансискиот систем на земјата, што ја оцрни политичката класа.

Санду, поранешна економистка на Светската банка едуцирана на Харвард, позната е по остриот став кон корупцијата, и формираше коалиција со социјалистите по неизвесните избори за да ја отстрани од власт партијата предводена од тајкун.

Таа се залага за прием на Молдавија во Европската унија, додека лидерот на социјалистите Игор Додон се залага за поблиски врски со Москва.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе