Според одлуката на судот, наложено е распишување нови избори.
Новите, вонредни избори на Косово мора да бидат одржани најдоцна 40 дена по распишувањето, бидејќи владата на Хоти добила поддршка парламентот на неуставно гласање, соопшти косовскиот уставен суд.
Владата на Авдулах Хоти доби во вториот обид поддршка од 61 пратеник во косовскиот парламент, но бидејќи уставниот суд клучниот глас го прогласи за неважечки, косовската претседателка ќе треба да распише нови избори.
Судот во одлуката наведе дека пратеничкиот мандат на Етем Арифи му бил потврден иако неколку месеци претходно бил правосилно осуден на година и три месеци затвор.
Третите парламентарни избори за три години се резултат на жалбата која движењето Самоопределување ја поднесе уште во јули, тврдејќи дека владата на Хоти ја добила поддршката во парламентот благодарение на гласот на Арифи, кој во тој момент бил осуден за корупција.