Падна стапката на заразени во Австрија, владата размислува за олабавување на строгите мерки

Во Австрија досега 11.506 лица се позитивно тестирани за коронавирусот, а 186 лица починаа.

Откако дневната стапка на новозаразени падна на 3,8 проценти, австриската влада почна да размислува за олабавување на мошне рестриктивните мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Најголем број заразени лица сè уште има во Тирол - 2.627, а потоа следуваат Горна Австрија - 1.859, Долна Австрија - 1.831, Виена - 1.677, Штаерска - 1.226, Салцбург - 1.049, Форларберг - 714, Каринтија - 307 и Бургенланд - 210.

Во просек, 51 процент од заразените се мажи, а 49 проценти се жени.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе