Падна романската влада

Романските пратеници ја соборија владата на премиерката Виорика Данчила, отворајќи го патот за формирање преодна влада до парламентарните избори, кон крајот на 2020 година.

„Ја запревме Социјалдемократската партија да не ѝ наштети на Романија“, рече Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, која го предводеше гласањето за недоверба.

238 пратеници гласале за соборување на владата, а им биле потребни 233 гласови, пренесе Ројтерс.

Гласањето за предлогот, со наслов „За повторно да се обнови Романија, владата на Данчила мора итно да биде разрешена!“, се одвиваше неколку дена пред официјалниот почеток на кампањата за претседателски избори во ноември. Во 2020 година земјата ќе одржи и локални и општи избори.

Владата на Данчила, која е на власт од почетокот на 2018 година, го загуби парламентарното мнозинство во август, откако нејзиниот помлад коалициски партнер АЛДЕ ја повлече својата поддршка. Претходно, Данчила преживеа неколку предлози на недоверба.

Денешното гласање следеше по непријателските говори во парламентот од Социјалдемократската партија (ПСД) и претставниците на опозицијата.

Во својот говор, премиерката Данчила ја обвини опозицијата дека е неодговорна за иницирање на предлог за недоверба без претходно да претстави одржлива алтернатива или програма за управување.

Таа, исто така, го критикуваше претседателот Клаус Јоханис за застапување на интересите на опозициската партија ПНЛ и „исмевање на уставот и интересите на Романците“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе