Падна косовската влада, Курти повеќе не е премиер

Косовскиот парламент, на вонредната седница свикана на барање на пратениците на Демократскиот сојуз на Косово и опозицијата, ѝ изгласа недоверба на владата на Аљбин Курти.

За недоверба на владата на Курти гласаа 82 пратеници, од 117 колку што беа присутни во моментот на гласањето. Против недоверба на владата гласа 32 пратеници, а еден беше воздржан.

Премиерот на Косово Аљбин Курти, пред гласањето, изрази жалење дека одлуката за изгласување недоверба на влада „не била донесена на Косово, туку надвор од него“.

Курти оцени дека специјалниот претставник на американскиот претседател за дијалогот на Приштина и Белград Ричард Гренел имал големо влијание врз ситуацијата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе