Виена

Падна австриската влада, Курц прва жртва на европските избори

Владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц загуби на гласањето доверба во парламентот по обвинувањата за корупција во врска со неговиот сега веќе бивш вицеканцелар.

Австрискиот парламент денеска ѝ изгласа недоверба на преодната влада на канцеларот Себастијан Курц, а овој млад политичар стана канцелар со најкраток мандат.

Предлогот во долниот дом на Парламентот на Австрија го поднесе Питер Пилц, пратеник за заштита на животната средина.

Австриската владејачка коалиција меѓу конзервативната Народна партија (ОВП) на Курц и десничарската Партија на слободата (ФПО) беше потресена од скандал на 17 мај. Тогаш германските медиуми објавија видеоснимка на која вицеканцеларот и лидер на ФПО, Хајнц-Кристијан Штрахе, бара поткуп од жена што наводно е внука на руски тајкун.

Штрахе поднесе оставка по скандалот со цел да не ѝ наштети на коалицијата. Тој го критикуваше видеото како „планиран политички атентат“, велејќи дека објавените делови се извадени од контекст. Курц брзо се огради од помалиот коалициски партнер и повика на предвремени избори како единствен начин за „враќање на довербата во јавните институции“.

32-годишниот канцелар, исто така, предложи отпуштање на министерот за внатрешни работи, Херберт Кикл, кој, како што рече Курц, не може да води истрага за лидерот на својата партија. Заминувањето на Кикл беше проследено со заминување на министри на ФПО. Пет од 13 министри во владата на Курц ги напуштија своите позиции.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе