Падот на загаденоста на воздухот во Кина е видлив од вселената (ФОТО)

Сателитите на НАСА и Европската вселенска агенција кои го следат загадувањето регистрирале значително намалување на загадувањето со азотен диоксид (NO2) над Кина. Американската вселенска агенција НАСА забележува дека оваа промена е барем делумно поврзана со економското забавување предизвикано од појавата на коронавирусот.

Научниците веќе претходно утврдиле дека коронавирусот за најмалку четвртина ги намалил кинеските емисии на стакленички гасови за само две недели во средината на февруари.

Кинеските власти до 23 февруари го прекинаа сообраќајот кон и од Вухан и затворија многу погони за да го намалат ширењето на заразата. Ова доведе до значително намалување на согорувањето на фосилни горива, кои најмногу ја предизвикуваат климатската криза, а Кина е најголемиот производител на стакленички гасови во светот.

Научниците од НАСА велат дека намалувањето на загаденоста првично било видливо во близина на Вухан, каде избувнала заразата, но се проширило и низ целата земја.

„Ова е првпат да забележам таков драматичен пад на толку широко подрачје заради специфичен настан“, рече Феи Лиу, истражувачка на квалитетот на воздухот во центарот Годард на НАСА. Таа се сеќава дека за време на економската криза во 2008 година, исто така е забележан пад на нивото на азотниот диоксид, но тој пад бил поумерен.

За време на Олимпијадата во 2008 година, околу Пекинг исто така е измерено значително намалување на загадувањето на воздухот, но тоа во најголема мера било поврзано само со тој град и нивото на загадување повторно се зголемило по завршувањето на Олимпијадата.

Мапите покажуваат концентрација на азотен диоксид, гас кој се испушта од издувот на моторните возила, електраните и индустриските постројки. Прикажани се вредности измерени низ цела Кина од 1 јануари до 20 јануари 2020 година (пред карантинот) и од 10 до 25 февруари (по карантинот).

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе