Тешки временски услови

Пад на воен хеликоптер во Краснодар, две лица загинаа

Пилотот и навигаторот на рускиот хеликоптер Ми-28 загинаа при неговиот пад во близина на аеродромот Кореновск во регионот Краснодар, соопшти руското Министерство за одбрана.

Командата на руските одбранбени воздухопловни сили испрати комисија на местото на несреќата, се вели во соопштението, пренесува Тасс.

Летот на хеликоптерот бил изведен во тешки метеоролошки услови. Министерството соопшти дека хеликоптерот не носел муниција за време на летот.

Воениот хеликоптер Ми-28 исчезна во средата во јужниот руски регион Краснодар.

Во меѓувреме, пронајдени се снимки од податоците за летот од рускиот воен хеликоптер, соопштија воените власти.

„Најдени се снимки од податоците за летот и тие не се оштетени. Комисијата ги разгледува сите верзии за причината за несреќата, вклучувајќи технички дефект и човечка грешка“, изјави воен извор за Тасс.

Целосна слика за несреќата ќе биде можна само откако ќе бидат прегледани снимките.

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе