„Тоа е реалност“

Пацоли: Секој премиер, освен Харадинај, ќе ги укине таксите

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека секој косовски политичар кој би бил избран за нов премиер, ќе ги укине даноците на производи од Србија, со исклучок на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, објави денес порталот Косев.

„Повторувам, тој победник на изборите, тој иден премиер кој вели дека ќе ги задржи таксите, лаже. Го исклучувам Харадинај од ова, затоа што го познавам како тврдоглав и кога се фиксира на нешто, не можете тоа да го промените кај него. Тој не го менува својот став“, изјави Пацоли за КТВ.

Како што рече, Харадинај може да го прекрши ветувањето, но нема да се откаже од таксите и процени дека сите останати што ја поддржувале идејата за такси по изборите нема да го имаат истиот став.

„Постои мислење дека тој не може да коегзистира со данокот, но може да ги укине ако сака да размислува за понатаму. Од друга страна, другите ќе го укинат данокот и ќе го отворат патот за дијалог. Ова е реалност која нè чека по изборите“, додаде Пацоли.

Пацоли го обвини заменик премиерот во заминување Енвер Хоџај дека членовите на владата ги измамил кога тврдел дека обезбедил поддршка од американската амбасада за воведување на првичната мерка од 10 проценти за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина, која беше во сила неколку недели пред воведувањето на данок од 100 проценти.

„На седницата видов дека тоа е на дневен ред. Го прашав за што станува збор. И премиерот и потпретседателот на владата Лимај се концентрираа на моето прашање. Ми рече - го направив тоа со Американците. Само што дојдов од амбасадата, разговарав со Американците, оваа работа е завршена, само напред“, рече Пацоли.

Тој додаде дека подоцна се покажало дека не е вистина, дека никој не разговарал со американската амбасада.

Предвремените парламентарни избори во Косово ќе се одржат на 6 октомври.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе