Шефот на косовската дипломатија

Пацоли: На Брнабиќ ѝ е забранет влезот на Косово; Брнабиќ: Ќе дојдам кога јас ќе сакам

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека верува дека, кога ќе посака да оди на Косово, тоа ќе ѝ биде овозможено, без оглед на изјавите на приштинските власти.

„Не сум особено загрижена поради таквите изјави и верувам дека ќе ми биде овозможено да одам на Косово кога тоа ќе го сакам“, кажа Брнабиќ на прашањето да ја искоментира изјавата на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли дека ќе ѝ биде забранет влезот на Косово „додека ја следи расистичката идеологија“.

Таа додаде дека не мисли дека таквите изјави се само против неа, Србија или регионалната стабилност, туку дека се и против интересите на Албанците, и не само европските туку и цивилизациските вредности.

Беџет Пацоли изјави дека на српската премиерка Брнабиќ нема да ѝ биде дозволен влез на Косово поради изјавите за Албанците, додека тој е шеф на косовската дипломатија.

„Овој институционализиран расизам во Србија има суштина во ултранационалистичката идеологија што ја промовира владата на Ана Брнабиќ. Верувам дека Европа сфаќа со какви луѓе си имаме работа, со оние што поддржуваа масовни убиства и ги негираат воените злосторства извршени од страна на Белград во поранешна Југославија“, напиша Пацоли на Фејсбук.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе