Шефот на косовската дипломатија

Пацоли ја обвини Русија дека ѝ помага на Србија околу повлекувањето на признавањата

Бецет Пацоли во интервју за американскиот портал Аксиос кажа дека Косово би можело да се откаже од царините и ја обвини Русија дека ѝ помага на Србија во настојувањата да ги убеди африканските држави да го повлечат дипломатското признавање на Косово.

Американскиот портал во текстот наведува дека Србија жестоко се противи на независноста на Косово и дека презема тајни активности да ги убеди другите земји да ја сменат одлуката, пренесуваат српските медиуми.

Целта е, како што кажа шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, вкупниот број земји кои го признаваат Косово да падне под 97, или половина од членството на Обединетите нации.

Пацоли во интервјуто тврди дека тоа е дел од „кампањата“ во која Србија составува дипломатски писма и се обидува да ги убеди државниците да ги потпишат без минување низ процедура, најчесто преку „криминални дела“.

Тој кажа дека Русија, која ја поддржува Србија околу прашањето на Косово, „очигледно е вклучена“ во кампањата на непризнавање на Косово.

Кажа дека не е јасно дали таа помош вклучува олеснување на плаќањата, но истакна дека Русија има договори за продажба на оружје и други бизнис активности со земјите кои се цел на српската кампања.

Пацоли вели дека Косово може да се откаже од царините на српската стока „ако Србија има волја да седне и да соработува врз основа на некаква заемност“.

„Тоа значи почитување на претходните договори меѓу нашите земји и земање предвид на постоењето на Косово како држава со сопствени граници и устав“, кажа косовскиот министер за надворешни работи во заминување, додавајќи: „Косово сака да биде третирано еднакво на преговарачката маса, а не како непризната држава. Од друга страна, Косово мора да сфати дека Србија нема целосно да го признае без ништо за возврат“.

Пацоли истакна дека најдобрата стратегија за двете земји да се вратат на масата е Косово привремено да ги суспендира царините во период од шест месеци, а за тоа време дијалогот да биде интензивиран и да ги обнови доколку нема конкретни резултати.

„Во меѓувреме Србија мора да ја сопре својата кампања на непризнавање, што е спротивно на духот на дијалогот и Бриселскиот договор од 2013 година“, кажа Пацоли.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе