Откако здравјето рапидно ѝ се влошило

Пациентка со ковид „многу подобра“ по терапијата со моноклонски антитела

Антителото се размножува во лабораторија и се произведува во огромни количества. Потоа им се дава на пациентите и веднаш го зајакнува нивниот имунолошки одговор.

Една жена стана првата личност во Велс што го доби истиот експериментален третман со антитела за коронавирусот како и американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелани Џејмс од Кардиф добила трансфузија од моноклонски антитела во Универзитетската болница во Ландоу, како дел од клиничкото испитување за оздравување.

Џејмс не можела да земе здив и примала кислород, но сега вели дека се чувствува „многу подобро“ по третманот.

Здравствениот одбор на Кардиф и Вејл соопшти дека испитувањето е во „многу рана фаза“.

Трансфузијата со моноклонски антитела е најновиот третман што се додава во најголемото контролирано клиничко испитување по случаен избор во светот наречено Рандомизирана евалуација на клиничко испитување за терапија со ковид-19.

Новата гранка на испитувањето има цел да ја утврди ефикасноста на моноклонските антитела во спречувањето на ковид-19 да влезе во клетките на пациентите заразени со вирусот и во спречувањето пациентите да станат потешко болни.

Џејмс рече дека „воопшто не се двоумела“ да учествува во испитувањето откако нејзиното здравје „многу брзо се влошило“.

 

Како функционираат моноклонските антитела?

Антителата може да се опишат како „војници“ на имунолошкиот систем, вели Би-би-си.

Кога коронавирусот го инфицира вашето тело, антителата се прикачуваат на боцките на вирусот, спречувајќи го да влезе во вашите клетки.

Но ние произведуваме многу различни видови антитела – од кои најмоќните се нарекуваат неутрализирачки антитела.

Така, научниците „пребаруваат низ нив“ за да ги пронајдат оние што најдобро ќе се прикачат на боцката.

Избраното антитело потоа се размножува во лабораторија и се произведува во огромни количества. Потоа им се дава на пациентите и веднаш го зајакнува нивниот имунолошки одговор.

„Почнав да се чувствувам подобро следниот ден по трансфузијата и таа ноќ примив само мало количество кислород“, објаснува Џејмс. „Иако сè уште закрепнувам, веќе се чувствувам многу подобро отколку пред една недела.“

Таа додаде: „Немам доволно пофални зборови за третманот и за негата што ја добив од сите учесници, од клиничкиот персонал до чистачите и оние што ми понудија пијачка“.

Здравствениот одбор на Универзитетот Кардиф и Вејл, кој во март стана првиот во Велика Британија што учествува во испитувањето, одбра повеќе од 210 субјекти.

Во јуни ова испитување покажа дека дексаметазонот е првиот лек за кој е докажано дека ги зголемува шансите за преживување на ковид-19.

Професорот Мартин Ландреј од Универзитетот Оксфорд, кој е еден од лидерите на ова испитување, месецов за Би-би-си рече дека моноклонската терапија што му била дадена на Трамп била базирана на „утврдена технологија, претходно користена за развивање слични лекови против еболата“.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе