И покрај пандемијата

Оваа година во Хрватска починале скоро 1.000 помалку луѓе отколку лани во истото време

Иако секој петти жител на Хрватска е постар од 65 години, а постарите лица се најризичната група кога станува збор за заболување од коронавирусот, сепак земјата имала скоро 1.000 помалку смртни случаи во првата половина на 2020 година во однос на истиот период лани, објави Индекс.

Фото: ЕПА

Хрватскиот Државен завод за статистика објави привремени резултати за првата половина од годината, кои покажуваат како пандемијата на коронавирусот влијаела на населението, колку луѓе починале во тие шест месеци и колку стапиле во брак.

Податоците покажуваат дека бројот на починатите во периодот од јануари до јуни 2020 година е намален за 3,6% во однос на истиот период лани, односно дека сега има 985 помалку смртни случаи.

Податоците покажуваат дека и покрај пандемијата на ковид-19, не се забележани значителни отстапувања во бројот на смртните случаи во однос на истиот период од претходните години.

Во јуни 2020 е забележано зголемување на бројот на починати, и тоа за 8% во однос на јуни 2019 година, односно имало 300 повеќе смртни случаи отколку во истиот месец лани.

Пандемијата на ковид-19, како и секаде, и во Хрватска предизвика забрана на свадбените церемонии во првата половина на 2020 година.

Податоците покажуваат дека повеќето бракови обично се склучуваат во пролетните месеци и кон крајот на летото, додека најмалку бракови се склопуваат во зимските месеци.

Привремените податоци за 2020 година покажуваат дека епидемиолошките мерки значително влијаеле на одржувањето на свадбените церемонии. Во март 2020 година склучени се 545 помалку бракови, односно 50,7%, помалку отколку во март 2019 година. Во април 2020 година, склучени се 844 помалку бракови, односно 71,3% помалку отколку во април 2019 година, додека во мај 2020 година 2.178 помалку бракови, или 79,5% помалку отколку во мај 2019 година.

Генерално гледано, во овие четири месеци (март, април, мај и јуни) во Хрватска се склучени вкупно 4.247 помалку бракови отколку во истиот период лани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе