Терористички напад со лак и стрела

Ова е терористот од Норвешка, се нарекувал пророк (ФОТО+ВИДЕО)

Норвешката национална безбедносна агенција соопшти дека нападот со лак и стрела во кој беа убиени пет лица бил терористички чин.

Скриншот Јутјуб

Агенцијата ПСТ соопшти денес дека синоќешниот напад во малиот норвешки град „во моментов се смета за терористички чин“.

„Истрагата подетално ќе разјасни од што бил мотивиран инцидентот“, се наведува во соопштението.

37-годишниот дански државјанин Еспен Андерсен Братхен кој е осомничен за убиството на петте луѓе во нападот со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг се преобратил на ислам и полицијата била загрижена поради индикациите дека се радикализирал.

Норвешките медиуми пишуваат дека Братхен и претходно имал проблеми со законот и бил уапсен претходно годинава откако му се заканувал со убиство на својот татко. На Јутјуб објавил снимки на кои се нарекувал пророк.

Петмината убиени, четири жени и еден маж, биле на возраст од 50 до 70 години. Две лица, вклучувајќи полицаец кој не бил на должност, се повредени.

„Напаѓачот се преобратил во ислам и полицијата била загрижена од знаците на радикализирање“, им кажа на новинарите шефот на националната полиција Оле Бредруп Саеверуд.

Управата на полицијата им наложила на полициските офицери низ земјата да носат огнено оружје. Норвешката полиција е начелно невооружена, но офицерите имаат пристап до оружје кога е потребно. Соопштено е дека станува збор за мерка на претпазливост и дека „засега нема назнаки дека би се менувало националното ниво на опасност“.

Бројот на убиените го прави ова најлош напад во Норвешка од 2011, кога крајно десничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери кои присуствуваа на политички камп за млади.

„Напаѓачот ги призна околностите на нападот“, кажа полициската адвокатка Ан Ирен Сване Матијасен за новинската агенција НТБ. „Ќе видиме дали ќе ја признае вината за нападот“.

Адвокатот на осомничениот Фредерик Нојман кажа дека тој соработува со полицијата.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе