Ова е страшно, како Втората светска војна: редици поради ковид во Белград (ВИДЕО)

Редици нервозни луѓе што со часови чекаат на студот и големо незадоволство при посетата на неколку ковид-амбуланти и Клиниката за инфективни болести во Белград, пренесува српска Нова.

Фото: ЕПА

Како и претходните денови, и во понеделникот пред повеќето ковид-амбуланти имало голема гужва. Граѓаните со часови чекале прием, а ситуацијата е многу слична на неколку различни адреси на ковид-одделите во Белград.

Пред Клиниката за инфективни болести долги редици, но и пациенти што чекаат во многу лоша состојба - некои дури не можеле да стојат. Сепак, според еден граѓанин, во понеделникот ситуацијата била далеку подобра од неделата, кога сцената пред клиниката личела на воена зона.

„Вчера беше катастрофа, како во Втората светска војна. Луѓето дојдоа со ќебиња, а тука немаше никој. Имам само пофални зборови за лекарите и медицинските сестри, кои имаат навистина мизерна плата за она за што работат“, рекол граѓанин што бил со својот болен татко.

Во Врачар, исто така, се формирала редица пред ковид-амбулантата, а присутните рекоа дека чекале околу половина час.

„Гледам дека ќе изгубам цел ден како што напредуваат. А на телевизија течат мед и млеко“, рекол друг граѓанин.

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 15.061 лице за коронавирусот, од кои 5.067 биле позитивни, додека починаа 38 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во здравствените установи низ Србија има 216 пациенти на респиратори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе