Советскиот велемајстор

„Ова е период на лудило“, вели Карпов за наводниот расизам во шахот (зашто први на потег се белите фигури)

Советската и руска шаховска легенда Анатолиј Карпов ја коментираше неодамнешната дебата за расизмот во играта, што предизвика бес на социјалните медиуми, нарекувајќи ја „период на тотално лудило“ што нема никаква врска со шахот.

„Почна период на целосно лудило“, рече поранешниот светски шампион. „Каква врска има ова со вековната игра?“

Минатата недела Џон Адамс, економист што во 2015 година ја претставуваше австралиската шаховска федерација, рече дека бил контактиран од радиостаницата на Австралиската радиодифузна корпорација (АБЦ) во Сиднеј за да го прокоментира прашањето на расните контроверзии во шахот, затоа што белите фигури секогаш се први на потег.

„Тукушто добив телефонски повик од продуцент од АБЦ Сиднеј, кој ми бараше коментар за играта шах! АБЦ сметаше дека шахот е РАСИСТИЧКИ со оглед на тоа што белите секогаш одат први!“, напиша тој на Твитер, откако го одбил барањето, предизвикувајќи дебата на интернет.

И рускиот велемајстор и поранешен светски шампион во шах, Гари Каспаров, ја отфрли идејата за каква било расна дискриминација во шахот, барајќи од активистите да изберат друга игра за своите „истраги“.

„Ако сте загрижени дека играта шах е расистичка, ве молам играјте Го, каде што црните се движат први, наместо да изгледате глупаво трошејќи ги парите на даночните обврзници на државен радиодифузер за да го 'истражите'!, напиша Каспаров.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе